НОВО: ТЕРАПИЈА СО ВИСОКОИНТЕНЗИВЕН ЛАСЕР (HILT)

СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА БОЛКАТА И РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА Болката, ограничената подвижност и бавното закрепнување можат значително да ги нарушат секојдневното функционирање и квалитетот на животот. Современата HILT-терапија со 30W високоинтензивен ласер и скенирачки апликатор претставува врвна технологија во физикалната медицина и рехабилитацијата. Благодарение на високата моќност и интелигентното скенирање, ласерската енергија продира длабоко во ткивата, […]
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ-ТРЕТМАН ЗА ХИДРОТЕРАПИЈА

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди специјални пакет-третмани на Одделот за физикална медицина и рехабилитација, кои се спроведуваат на единствената хидро-трака од ваков тип во земјава. Хидротерапијата придонесува за подобрување на подвижноста, ја зголемува еластичноста на меките ткива, го подобрува мускулниот тонус и го забрзува процесот на закрепнување. Благодарение на својствата на водата, се намалува притисокот врз телото, […]
НОВИ ПАКЕТИ НА ОДДЕЛОТ ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Во текот на летните месеци, високите температури често предизвикуваат чувство на тешки и отечени нозе, проследено со болка, замор и непријатност. За побрзо олеснување и подобра подвижност, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ подготви нови пакет-третмани на Одделот за физикална медицина и рехабилитација. Пакетите комбинираат две современи и ефикасни терапии: Со комбинацијата на овие третмани добивате: Пред […]
МАНУЕЛНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА ПО ОПЕРАТИВЕН ЗАФАТ

Со редовен третман се намалуваат болката и чувството на затегнатост, што овозможува побрзо враќање на подвижноста, постигнување подобар обем на движење во колено и враќање на секојдневните активности за пократок временски период. „Мануелната лимфна дренажа по оперативен зафат на колено е важен дел од рехабилитацијата, бидејќи помага во намалување на отокот, подобрување на лимфната и […]
ВЕРТЕБРАЛНА ЕКСТЕНЗИЈА – СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА БОЛКИТЕ ВО ’РБЕТОТ

Болките во вратот и долниот дел од грбот се меѓу најчестите здравствени проблеми на современиот човек. Долготрајното седење, недоволната физичка активност, неправилното држење на телото и дегенеративните промени на ‘рбетниот столб сè почесто предизвикуваат непријатност и ограничување на секојдневните активности. Во физикалната медицина, една од методите што успешно се применува во третманот на овие состојби […]
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ДОМАЌИН НА ТРКАТА „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ – БИЗНИС ТРКА 5K 2026“

Скопје вчера беше домаќин на второто издание на „Кроација осигурување – Бизнис трка 5K“, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија. И оваа година, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше горд домаќин на настанот, при што стартот и финишот на трката беа поставени пред болницата. […]
НОВ ЧЛЕН НА ТИМОТ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Д-р Рената Божинкочева е специјалист по физикална медицина и рехабилитација, со посебен интерес и посветеност кон третман на ортопедски, трауматолошки и спортски состојби. Таа активно ги следи најсовремените методи, процедури и техники во областа на физикалната медицина и рехабилитација, а своето знаење континуирано го надградува преку учество на стручни секции, конгреси и професионални обуки.За повеќе […]
ФИЗИОТЕРАПЕВТОТ БОЈАН ЦАНЕВСКИ, ДЕЛ ОД 8. СИМПОЗИУМ ЗА ТРЕТМАН НА СПОРТСКИ ПОВРЕДИ ВО МИНХЕН

На 11 февруари во Минхен, Германија се одржа 8. Симпозиум за професионален третман на спортисти во организација на компанијата Артрекс. Дел од македонската делегација која зеде учество на овој престижен семинар беше и физиотерапевтот Бојан Цаневски од Клиничката болница „Аџибадем Систина”. Овој семинар претставува значаен настан во областа на спортската медицина и професионалната спортска грижа. […]
9 ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА МОЌТА НА ФИЗИОТЕРАПИЈАТА ВО СПОРТОТ

Физикалната терапија претставува медицинска дисциплина која со помош на вежби, мануелни техники и современи апарати го враќа движењето и ја подобрува функцијата на телото. Таа има клучна улога во лекувањето на спортските повреди, бидејќи бргу ги намалува болката и отокот, го подобрува опсегот на движење и ја зајакнува мускулатурата. Преку индивидуализирана рехабилитација и работа на […]
РАКОМЕТАРОТ НИКОЛА КОСТЕСКИ ПО РЕХАБИЛИТАЦИЈА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕН

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Костески успешно го заврши процесот на рехабилитација по хируршки третираната руптура на Ахиловата тетива. Рехабилитацијата во Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Premium Physical Therapy & Sport Center“ започна шест недели по операцијата и траеше три недели, при што беше постигнато целосно закрепнување, ослободување од патерици и слободно одење. „Во третманот кај Никола беа применети електростимулации […]