Во текот на летните месеци, високите температури често предизвикуваат чувство на тешки и отечени нозе, проследено со болка, замор и непријатност. За побрзо олеснување и подобра подвижност, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ подготви нови пакет-третмани на Одделот за физикална медицина и рехабилитација.
Пакетите комбинираат две современи и ефикасни терапии:
- Норматек – апаратна лимфна дренажа која ги подобрува венската и лимфната циркулација, ги намалува отокот и чувството на тежина во нозете и
- Shockwave Therapy – екстракорпорална терапија со ударни бранови која ја намалува болката, ја стимулира регенерацијата на ткивата и го забрзува закрепнувањето.
Со комбинацијата на овие третмани добивате:
- чувство на лесни и одморени нозе
- намален оток и обем
- подобрена крвна и лимфна циркулација
- намалување на болката и мускулната напнатост
- побрзо враќање на секојдневните активности.
Пред започнување на третманите, неопходна е консултација со доктор физијатар, кој ќе ја процени вашата состојба и ќе препорача индивидуален план на терапија.
Погрижете се за вашето здравје и уживајте во летото без чувство на тешки нозе.

