Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди специјални пакет-третмани на Одделот за физикална медицина и рехабилитација, кои се спроведуваат на единствената хидро-трака од ваков тип во земјава.
Хидротерапијата придонесува за подобрување на подвижноста, ја зголемува еластичноста на меките ткива, го подобрува мускулниот тонус и го забрзува процесот на закрепнување. Благодарение на својствата на водата, се намалува притисокот врз телото, движењата се полесни и побезбедни, а пациентите можат да започнат со рехабилитација со помалку болка и поголема сигурност..png)
Голем дел од пациентите чувствуваат олеснување и забележуваат подобрување уште по првите третмани, што им овозможува побрзо и посигурно враќање на секојдневните активности.
Пред започнување на третманите, потребна е консултација со доктор физијатар, кој ќе изготви индивидуален план за рехабилитација.