Празниците секогаш одат рака под рака со неколку килограми плус, а по празниците време е да се вратите на здравите навики и физичката активност. За добар старт и поголема мотивација пробајте нови вежби или спорт што не сте го практикувале. Доколку сакате нешто ново, поразлично од претходно, нешто што ќе ви помогне да го разбудите телото, да се поврзете со секој дел од него поединечно и да се чувствувате полесно тогаш вежбањето на справите реформер и кадилак со кои располага Премиум спорт центарот за здрав живот во склоп на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е идеален за вас. Вежбите на овие справи се изведуваат под надзор на сертифициран тренер, кој дополнително ќе ве мотивира да го дадете својот максимум на секој тренинг, да вежбате квалитетно, да ги надминете сите пречки и да ги остварите своите цели за краток временски период.
„Вежбите на реформер и кадилак се новина во Македонија, но во светот веќе подолго време се хит. Кај нас честопати овој тип на вежбање се поистоветува со јога и истегнување, но е многу повеќе од тоа. Точно дека одреден дел од вежбите се за истегнување, но главната функција е поправање на постурата или држењето на телото, решавање на проблемите со искривување на ‘рбетот, сколиоза, кифоза, лордоза, а се превенираат и несакани повреди“, вели Рената Младеновска, личен тренер во Центарот за здрав живот Premium physical therapy & sport centar.
Тренинзите на оваа справа исто така се идеални за затегнување на мускулатурата, трошење калории и намалување на телесна тежина. Принципот е ист како и кај мат-пилатесот, кој е повеќе познат на овие простори, бавно изведување на вежбите, mind-muscle connection, фокус на дишењето, а разликата е во тоа што на овие справи вежбите се изведуваат со отпори така што овој тип на пилатес го прават многу понапорен. „Реформер и кадилак е одличен за одржување на кондицијата, подобрување на перформансот при изведување на други спортски активности бидејќи фокусот е секогаш на зајакнување на јадрото. Одлично решение е и за оние кои сега почнуваат со физичка активност и за оние кои се рехабилитираат од некаква повреда. Различниот тип тренинзи, комбинацијата од вежби и нивни модификации за полесно прилаго- „Вежбите на реформер и кадилак се новина во Македонија, но во светот веќе подолго време се хит. Кај нас честопати овој тип на вежбање се поистоветува со јога и истегнување, но е многу повеќе од тоа. Точно дека одреден дел од вежбите се за истегнување, но главната функција е поправање на постурата или држењето на телото, решавање на проблемите со искривување на ‘рбетот, сколиоза, кифоза, лордоза, а се превенираат и несакани повреди“, вели Рената Младеновска, личен тренер во Центарот за здрав живот Premium physical therapy & sport centar. 67 дување на вежбањето на реформер и кадилак го прават забавно па за тоа оваа физичка активност може да ја практикува секој и не е тип на вежбање кој е исклучиво наменет само за жени“, додава Рената Младеновска.
Вежбите на справите реформер и кадилак се наменети за сите рекреативци, мажи, жени, трудници, при рехабилитација од повреди, за луѓе кои имаат проблеми и болки во ‘рбетниот столб, а се препорачува и кај професионалните спортисти со цел подобрување на мобилноста и флексибилноста. Се препорачува и кај трудници, бидејќи не го загрозува здравјето на бебето, а ѝ помага на мајката да остане здрава и фит, да ја помине полесно бременоста и да има лесно породување. „Подлогата на справата може да биде мат статична или подвижна опционално. Вежбите може да се изведуваат во неколку позиции, лежејќи, седејќи, стоејќи, а спринговите кои се прикачуваат со различна дебелина служат за дозирање на отпорот со кој се вежба“, објаснува Рената Младеновска.
СО УПОРНОСТ И КОНТИНУИРАНОСТ РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ НЕИЗБЕЖНИ
За постигнување видливи резултати кои ќе бидат долготрајни, практикувањето на реформер пилатес во комбинација со избалансирана исхрана е идеално решение за секоја девојка која сака да добие потониран изглед на своето тело. Под балансирана исхрана се мисли на внесување доволно макро и микронутриенти, односно доволно протеини, јаглехидрати и масти, витамини и минерали за нормално функционирање на човековото тело.
„Во голем број случаи луѓето сметаат дека резултатите се постигнуваат со гладување, но спротивно на тоа, потребно е стекнување навика за помали, но почести здрави оброци, кои ќе го регулираат инсулинот, ќе нè држат сити без кризи за парче чоколадо или грицки кои најчесто се појавуваат кај оние луѓе кои не консумираат редовни оброци. Честопати иако луѓето сметаат дека се хранат здраво и избалансирано тие немаат резултати што се должи на грешки при подготвување на своите здрави оброци, смутиња или овесни каши во кои додаваат голема количина путер од јаткасти плодови, претеруваат со консумирање јатки, здрави барови кои знаат да бидат и многу калорични или, пак, ‘здрави’ чоколади кои воопшто не се здрави и се полни со шеќери“, вели Рената. Промената на начинот на живот се прави постепено чекор по чекор бидејќи секоја брза промена може да влијае негативно и на телото и на умот. Избалансирана исхрана во комбинација со вежбање реформер минимум три пати неделно за почеток дава загарантирани резултати и по првите два месеца, но сепак сè зависи од клиентот и колку тој ќе биде посветен, дали редовно ќе доаѓа на тренинзите, решителноста и истрајноста за постигнување на поставената цел. Бенефитите од вежбањето реформер се чувствуваат уште во текот на првата недела.