НОВО: ТЕРАПИЈА СО ВИСОКОИНТЕНЗИВЕН ЛАСЕР (HILT)

СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА БОЛКАТА И РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

Болката, ограничената подвижност и бавното закрепнување можат значително да ги нарушат секојдневното функционирање и квалитетот на животот. Современата HILT-терапија со 30W високоинтензивен ласер и скенирачки апликатор претставува врвна технологија во физикалната медицина и рехабилитацијата. Благодарение на високата моќност и интелигентното скенирање, ласерската енергија продира длабоко во ткивата, овозможувајќи прецизен, безболен и ефикасен третман со максимална удобност за пациентот.

Според д-р Аница Хаџи-Петрушева-Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација, овој вид терапија има широко поле на примена кај акутни и хронични болки, спортски повреди, воспаленија на тетиви и лигаменти, артроза, болки во грбот, вратот и рамото, плантарен фасциит, епикондилитис, како и во постоперативна и посттрауматска рехабилитација. Исто така, претставува одличен избор за сите што сакаат побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности.

ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ НА ТРЕТМАНИ СО HILT

Во нашиот Центар за физикална терапија и рехабилитација, HILT-терапијата се применува самостојно или во комбинација со други физикални методи, со цел намалување на болката, подобрување на подвижноста и побрзо функционално закрепнување. Промотивната цена на еден третман се движи од 1.500 до 2.800 денари, а конечниот избор на терапијата, времетраењето и бројот на третмани се определуваат индивидуално, по претходно извршен преглед и процена од физијатар, во зависност од дијагнозата, здравствената состојба, површината што се третира и потребите на пациентот. Една сесија најчесто трае од 20 до 60 минути, третманот вообичаено е безболен, а терапевтскиот пристап се приспособува на секој пациент со цел да се постигне најдобар и подолготраен резултат.

ПРИДОБИВКИ ОД HILT ТЕРАПИЈАТА

Терапијата овозможува брзо намалување на болката уште по првите третмани, без употреба на лекови или инвазивни процедури. Ласерската енергија ги стимулира природните процеси на регенерација, го намалува воспалението и придонесува за побрзо заздравување на оштетените ткива. Се подобруваат локалната циркулација и снабдувањето на клетките со кислород, што дополнително го забрзува закрепнувањето.

„Скенирачката глава овозможува рамномерна апликација на енергијата на целата третирана регија, со што третманот е попрецизен, побезбеден и покомфорен. Благодарение на длабокото продирање на ласерот, можат успешно да се третираат и структури што се недостапни за многу други физикални процедури”, објаснува д-р Хаџи-Петрушева-Јанкијевиќ.

HILT-терапијата е безболна, неинвазивна и не бара период на закрепнување, овозможувајќи им на пациентите веднаш да се вратат на своите секојдневни активности. Таа претставува современо решение за побрзо закрепнување, подобра подвижност и поквалитетен живот.