АТРАКТИВНИ ПОНУДИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КБАС И ДРУГИТЕ ФИРМИ ОД ХОЛДИНГОТ: ЗДРАВ ЖИВОТ ВО ПРЕМИУМ ЦЕНТАРОТ СО ПОПУСТ НА ПАКЕТИТЕ
Во рамки на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ профункционира Премиум центарот за физикална рехабилитација и здрав живот. Распространет на површина од 1.130 метри, центарот е опремен со современи ординации и апарати за физикална терапија, сала со најмодерни справи за функционален тренинг, сали за аеробик и пилатес, оддел за нутриција, парна бања, финска сауна, ВИП-соби за масажа.
Центарот е наменет за сите оние кои сакаат да водат здрав живот, да се хранат здраво, да се релаксираат, но и да практикуваат функционални тренинзи за одржување на телото во добра физичка форма.
За вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и вработените во другите фирми кои се дел од холдингот и нивните семејства креирани се посебни пакети во кои е вклучен попуст, но и дополнителни бенефиции. Здравјето е приоритет и е неприкосновен услов за добар живот, а Премиум центар е креиран како интегриран концепт што ги нуди сите можности за практикување здрав начин на живот.
Услугите кои како бенефиции ги добиваат вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и другите сестрински фирми се достапни и за членовите од нивното семејство.
Центарот за здрав живот за своите клиенти нуди пакети, кои вклучуваат користење на спортскиот центар, парната бања и сауната, а цената е во зависност на периодот од денот кога клиентот ќе го посетува центарот, односно дали тоа ќе биде во пик-периодот од 6 до 10 часот и од 16 до 22 часот, или во периодот од 10 до 16 часот.
Вработените на КБАС и другите фирми имаат дополнителен попуст и бенефиции на секој од креираните пакети. Имено, ако Gold годишниот пакет со вклучени 150 тренинзи во спортскиот центар во пик-периодите и 150 посети на парната бања и финска сауна, нутриционистички и кардиолошки преглед, лабораториски испитувања, InBody скрининг на месечно ниво и месечен план за исхрана чини 73.800 денари годишно за вработените е со 20 отсто попуст или вкупно 59.040 денари. Толкав попуст има и полугодишниот пакет кој е со истите услуги, но со 75 тренинзи и исто толку посети на парната бања и финската сауна кој регуларно чини е 43.100 денари, а за вработените и членовите на нивните семејства е 34.480 денари.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ подготви и Silver годишен и полугодишен пакет што се однесуваат на тренирање надвор од пик-периодите, односно од 10 до 16 часот, и чија редовна цена е 49.350 денари и 27.750 денари, а за кои вработените добиваат 10 отсто попуст или цените се 44.415 за годишен и 24.975 денари за полугодишен пакет. Во овие пакети не се вклучени лабораториски испитувања и кардиолошки преглед.
Овозможен е попуст од 10 отсто и на континуирана физикална терапија, односно персонализирани тренинзи во Центарот во времетраење од еден месец за што цената е 10.800 денари или 27.000 за три месеци.
Секој посетител на Premium Sport Center добива VIP Golden или VIP Silver картичка и се стекнува со низа дополнителни бенефиции кои важат и за вработените. Golden картичката вклучува 10 отсто попуст при користење на здравствени услуги во „Аџибадем Систина“, еднокреветна соба за хоспитални услуги, 10 отсто попуст во ресторан SushiCo, можност за користење на термините и од членови на семејството.
Со Silver картичката се добива 5 проценти попуст при користење здравствени услуги во „Аџибадем Систина“, 5 отсто попуст во ресторан SushiCo и повторно можност за користење на термините од страна на членови на семејството.
За двете опции како можност за покривање на полугодишниот или годишниот пакет во Премиум центарот за физикална рехабилитација и здрав живот може да се искористи и Медиплус кредитот на Стопанска банка а.д. Битола, кој покрај тоа што е наменет за бескаматно кредитирање на сите медицински услуги во КБ „Аџибадем Систина“, може да биде целосно наменет и за услугите кои ги нуди Центарот.
Секој вработен е добредојден да го посети центарот, да разгледа што сè се нуди и да ги добие сите потребни информации. Грижа за себе, за физичкото и менталното здравје, за добар изглед и добра физичка кондиција значи многу, мала промена во начинот на живот може да направи да се чувствуваме подобро и посигурно и со голема мотивација и сила да чекориме кон нови предизвици и остварување на нашите цели.

