ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И МЕДИЦИНСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Одделот за физикална терапија и рехабилитација Premium Physical Therapy, кој се простира на површина од околу 300 метри квадратни, е опремен со најсовремена апаратура, простории за рехабилитациона терапија и нуди можност за превенција и третман на сите спортски повреди, патолошки состојби и болести, вклучувајќи индивидуален планови за третман и вежби. Центарот за физикална терапија содржи и две најмодерно опремени ВИП-соби за масажа и нуди спортска, медицинска и релаксациона масажа кои ги изведуваат високостручни физиотерапевти.
Покрај стандардните физикални процедури и модалитети коишто се користат во процесот на рехабилитација, центарот Premium Physical Therapy при „Аџибадем Систина“ нуди и други специфични процедури:
- Тreadmeal хидролента- хидротерапија
- ТECAR Therapy
- Biodex апарат
- Шоквејв терапија (Shockwave therapy)
- Вратна и лумбална екстензија
- Радиофреквентна терапија
- Гејм реди (Gejm ready)
- Индивидуални вежби со пациент (активни, активно-потпотмогнати и пасивни)
- Body index – мерење состав на тело
- Normatec – компресивна терапија на долни екстремитети
- Манипулативни техники (мобилизација на периферни зглобови, мобилизација на периферни меки ткива (тетиви, лигаменти, мускули), мобилизација на периферен нервен систем(нерви), мануелна мобилизација на периферни артикулации, акупресура)
- Мануелни техники (спортски и медицински масажи, лимфна дренажа, миофасцијална терапија, мануелна интрамускулна стимулација, електроинтрамускулна стимулација, ласерска интрамускулна стимулација и интрамускулна стимулација)
Хидротерапија
Единствено во Македонија Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација Premium Physical Therapy & Sport Center располага со подводна хидролента за изведување хидротерапија. Хидролентата е одлична при започнувањето со физичка активност кај лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина или имаат болки во грбот и зглобовите, ‘рбетот и при третман на скршеници и други трауматски повреди. Предноста на подводната хидролента е елиминирање на земјината тежа, намалување на притисокот врз зглобовите и јакнење на мускулатурата. Хидролентата наоѓа примена при рехабилитација на скршеници и хируршки интервенции на дискус хернија, но сè почесто се користи и како подготовка во тренинг-процесите на професионалните и аматерските спортисти.ТECAR Therapy
Форма на комбинација од диатермија и електротерапија која применува електромагнетна енергија во биолошко ткиво. Терапевтска доза на брановите е од 300KHz-1,2MHz.
Со позиционирање на електродите и составот на телото се постигнува саканиот ефект преку електромагнетно поле креирано од капацитативна или рестриктивна електрода која генерира топлина во длабоките структури ( вазодилатација) со ефект на заздравување и регенерација
Бенефитот се користи во физикална рехабилитација и менаџмент на болка:пост оперативна рехабилитација, спортски повреди, мускулно-тетивни промени, неуропатии, лузни, ‘рбет и периферни зглобни проблематики, васкуларно/лимфни промени, ортопедски промени на периферен нервен с-м, акутна и хронична болка.
BIODEX
Biodex – електронскиот динамометар претставува најсофистицираниот начин на кој може да се добијат прецизни информации околу состојбата на мускулната сила и обемот на движење на пооделни делови на екстремитетите. Biodex System 4 обезбедува точни, објективни и константни податоци кои во однос на нивната аналитичност се неспоредливи со кој било друг систем.
Biodex System 4 се заснова на клинички евидентирани протоколи кои може да се применат на разни полиња:
- Повреди и постоперативна рехабилитација при повреди на рамен појас
- Дисфункции и рехабилитација при повреди на лакот и рачен зглоб
- Трауми на колк и натколеница
- Состојби по лигаментопластика на преден вкрстен лигамент
- Други повреди на колено и скочен зглоб
- Состојби по поставување на ендопротеза на зглоб
- Повреди на меките ткива
Примената на Biodex System 4 не е само во медицината и кај професионалните спортисти, туку сè повеќе наоѓа примена кај пошироките маси. Сè повеќе рекреативни спортисти прават проценка на својата физичка состојба при планирање на поголем напор (скијање, започнување со поактивни спортски активности – фитнес, фудбал, баскет).
SHOCKWAVE THERAPY
Терапија со ударни бранови со способност за регенерација и топење на калцификати и фибрози во меките ткива како тетиви, лигаменти, мускули. Најнова технологија која ги поттикнува и природните механизми за обнова и регенерација со механизам на дејство на ниво на ткиво и на клетка. Се третираат само вонзглобни регии како: шилец во петица, болки во стапало, повреди и болки во тетиви (Ахилова, пателарен лигамент, епикондилит) калцификати во тетиви на рамо, калцификати во регија на колкот (трохантер), длабоки мускулни лезии – фибрози/лузни во мускулното ткиво по поткинување на мускулни влакна.Физикална терапија и рехабилитација на патолошки состојби и болести
Физикалната терапија и рехабилитација дава можност за лекување пациенти кои подлежат на хируршки третман, поточно преоперативно и постоперативно т.е. по извршена операција заради враќање на нормалните функции на засегнатиот сегмент и целото тело.
Пациенти со акутни, субакутни и хронични болки каде има ограничување на подвижност, мускулна слабост и потешкотии во функционирање во секојдневните активности поточно изгубени моторни функции, засегање на нервни структури, мускули, тетиви, зглобови, ‘рбетен столб.
Рехабилитација на спортски повреди
- Повреди на мускули, лигаменти и тетиви
- Воспалителни промени на лигаменти, тендинити (тениски лакот)
- Третман на бурситис
- Рехабилитација пред и по оперативен третман на колк, колено, скочен зглоб, рамо, лакот и рачен зглоб, артроскопски интервенции на зглобови (рехабилитација по менисцектомија, лигамнетопластика на преден вкрстен лигамент, артроскопија на рамо)
- Рехабилитација по повреди на Ахилова тетива
- Повреди на рамo
- Рехабилитација при невролошки заболувања
- Третман на болки во вратот, грбот и половината
- Намалување на болка при невралгии и спроведување вежби за превенција на болки во ’рбетниот столб
- Третман на цервикална и лумбална дискус хернија со тракциона терапија/декомпресија
Рехабилитација на ревматолошки болести
- Рехабилитација кај ревматолошки заболувања
- Третман на дисфункционалности при ревматолошки заболувања
- Третман при дегенеративни заболувања на целиот мускулно-скелетен систем
Грижа за правилен раст и развој на децата
Скелетно-зглобно-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор и лошото држење на телото, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на деформитети. Корективната гимнастика се состои од специјални вежби прилагодени за секое дете, при што се јакнат одредени мускулни групи, засегнати со деформитетот, со што се врши негова корекција.Грижа за здрав развој во тек на бременост
Медицинска масажа за трудници со цел:- Подобрување на циркулација и намалување на отоците
- Подобрување на мускулниот тонус
- Подготовка на мускулите за чинот на породување
- Релаксирање на телото
- Намалување на стресот
* Идните мајки кои ја водат бременоста во „Аџибадем Систина“ добиваат ваучер за бесплатна медицинска масажа.
Мултидисциплинарен пристап за сите спортски повреди
Одделот за физикална терапија и рехабилитација Premium Physical Therapy нуди можност за мултидисциплинарен пристап во третманот на пациентите.
- Предоперативна рехабилитација
- Рана рехабилитација (постоперативна)
- Следење на процесот на рехабилитација од доктори специјалисти од различни области со постојан мониторинг на пациентот од сите аспекти, со што стручно преку мултидисциплинарен пристап и во континуитет се следи неговата здравствена состојба.
По спроведување на третманот на Одделот за физикална и медицинска рехабилитација пациентите имаат можност да продолжат со доцна, односно секундарна рехабилитација под надзор на физиотерапевтот и физијатарот.