ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И Функционални вежби

Premium центарот за спортска рехабилитација и корективни вежби на справи при „Аџибадем Систина“, кој се простира на 525м2, располага со најсовремена опрема од брендот Technogym како Тechnogym excite кардио справи, Technogym Skill tools (реквизити за функционален тренинг), Concept 2 Ski erg – симулатор на нордиско скијање), Technogym Pure Strength Series, целосно опремен дел за функционални и тренинзи за сила и кондиција: monkey bars, TRX suspension trainer, battle ropes и др.

Сите тренинзи се одвиваат под надзор на сертифицирани инструктори.

РЕФОРМЕР И КАДИЛАК ПИЛАТЕС

Реформер и кадилак справата нуди најразновидни можности за вежбање, секако под надзор на сертифицирани инструктори. Вежбите на реформер и кадилак справите се практикуваат за зајакнување на различни мускулни групи, за подобрување на болки во телото, особено во долниот дел на грбот, ја зголемува флексибилноста и ја враќа рамнотежата. Овој начин на вежбање може да се практикува и во тек на бременоста. Начинот на изведување на вежбите е совршен за состојби како отечени зглобови, болки во грбот, а вежбите за карлица можат да го олеснат породувањето.
Вежбањето на реформер и кадилак справите е одлично за држење на телото, помага во одржување на рамнотежа, ја подобрува стабилност, а со редовно вежбање резултатот е одлично држење и правилна постура на телото, како и усогласеност на движењето. Корисен е и во регулирање на телесната тежина и позитивно влијае врз расположението. Контролираните и опуштени движења и начинот на дишење може да имаат медитативно влијание врз умот.