Одделот за диетологија и нутриција работи со единствен концепт за комфорна и професионална достапност за проценка и третман на нутритивниот стастус и исхраната кај човекот, како и за проценка на функционалната состојба на скелетно-мускулното и масно ткиво со одредување на степенот на физичката активност и кондициска подготвеност кај човекот.
Во склоп на Premium physical terapy & sport centar функционира диетолошката консултативна амбуланта.
КАБИНЕТ ЗА МОНИТОРИНГ НА ИСХРАНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИТЕ ФИЗИОЛОШКИ И НУТРИТИВНИ ПРОТОКОЛИ
Овој оддел при Премиум спорт центарот располага со кабинет за мониторинг на исхрана за спроведување на сите физиолошки и нутритивни протоколи. Опремен е со најсовремена технологија на високоспецифичен медицински анализатор за целосно скенирање на мускулното, масното и коскено ткиво добивајќи детална анализа и за количестовот на вода во телото и минералната густина на коските. Од овој неинванзивен и брз тест се добиваат прецизни резултати за застапеноста и развиеноста на мускулната маса во горните и долните екстремитети и трупот, количина и процент како на поткожната масна маса така и на висцералните масти, прецизно се проценува задршка на течности во сегментните делови на телото при појава на отоци, а скринингот за коскена густина ја следи состојбата на јачина на коските.
Сите овие податоци се од исклучително значење за иницијално одредување на нутритивниот и тренажен протокол и евалуација на постигнувањата кај рекреативните и професионални спортисти, при намалување и регулирање на телесната тежина или во тек на кондиционо аеробни и тежински вежби за мускулната маса. Стручниот тим врз база на мониторингот од оваа анализа ќе понуди соодветен енергетско-калориски третман за корекција на нутрицијата и за унапредување на телесните и физички перформанси во тек на изведување на ефикасна физичката активност.
Кабинетот за диетологија се грижи и за индивидуални и персонализирани планови на исхрана кај здрави личности кои немаат здравствен проблем, но имаат потреба од специфична нутриција во одреден период од животот: дебелина и вишок на килограми, во тек на бременост или при процес на потпомогнато оплодување и ин витро фертилизација, пубертет и адолесценција, период на менопауза и андропауза, нутритивниот протокол против стареење, спортката исхрана.
Во диетолошката амбуланта се спроведуваат нутритивните програми со диетотерапија кај пациентите кај кои стручната грижа и терапијата со храна е потребна поради одредени болести, патолошки состојби и нутритивни нарушувања со специјален и строго контролиран хигиено-диетески режим или диетотерапевтска диета.
Нутриционистичка проценка и телесен скрининг
Првиот и најважен чекор кон подобрување на исхраната и здравјето е прецизна проценка на вашата нутритивна состојба. Со современа дијагностика и телесна анализа, добивате целосен увид во состојбата на телото (масно ткиво, мускулна маса, метаболички параметри и др.), како и препораки за понатамошно дејствување.
Персонализиран диетален план
Секој план за исхрана е резултат на внимателна проценка и е целосно индивидуализиран – насочен кон вашите лични цели како регулирање на телесната тежина, зголемување на мускулната маса, подобрување на енергетското ниво или поддршка при хронични болести.
Диетотерапевтски протокол
За лица со здравствени проблеми, како што се: дијабетес, висок крвен притисок, нарушувања на гастроинтестиналниот тракт, хормонален дисбаланс и слично, се креира диетотерапевтски пристап кој ја поддржува медицинската терапија и придонесува за побрзо и поефикасно подобрување на состојбата.