ФИЗИОТЕРАПЕВТОТ БОЈАН ЦАНЕВСКИ, ДЕЛ ОД 8. СИМПОЗИУМ ЗА ТРЕТМАН НА СПОРТСКИ ПОВРЕДИ ВО МИНХЕН

На 11 февруари во Минхен, Германија се одржа 8. Симпозиум за професионален третман на спортисти во организација на компанијата Артрекс. Дел од македонската делегација која зеде учество на овој престижен семинар беше и физиотерапевтот Бојан Цаневски од Клиничката болница „Аџибадем Систина”. Овој семинар претставува значаен настан во областа на спортската медицина и професионалната спортска грижа. […]

9 ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА МОЌТА НА ФИЗИОТЕРАПИЈАТА ВО СПОРТОТ

Физикалната терапија претставува медицинска дисциплина која со помош на вежби, мануелни техники и современи апарати го враќа движењето и ја подобрува функцијата на телото. Таа има клучна улога во лекувањето на спортските повреди, бидејќи бргу ги намалува болката и отокот, го подобрува опсегот на движење и ја зајакнува мускулатурата. Преку индивидуализирана рехабилитација и работа на […]

РАКОМЕТАРОТ НИКОЛА КОСТЕСКИ ПО РЕХАБИЛИТАЦИЈА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕН

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Костески успешно го заврши процесот на рехабилитација по хируршки третираната руптура на Ахиловата тетива. Рехабилитацијата во Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Premium Physical Therapy & Sport Center“ започна шест недели по операцијата и траеше три недели, при што беше постигнато целосно закрепнување,  ослободување од патерици и слободно одење. „Во третманот кај Никола беа применети електростимулации […]

ШТО Е TRX-ТРЕНИНГ?

TRX е модерен вид функционален тренинг кој се изведува со специјални суспензиони ремени и ја користи сопствената тежина на телото како оптоварување. Наместо класични справи и тегови, телото е во висечка положба, при што гравитацијата и промената на аголот создаваат оптоварување. На овој начин, TRX активира повеќе мускулни групи истовремено, го зајакнува јадрото (стомачните и […]

“PREMIUM SPORT CENTER”, ДЕЛ ОД ПЛАНИНСКИОТ СПЕКТАКЛ „MOMATA ROCK TRAILS 2025“

Викендов во Прилеп, на Селечка Планина се одржа 11. издание на планинскиот спектакл „Momata rock trails 2025“. Овој спортски настан претставува вистински предизвик и уживање за сите љубители на планинското трчање и авантурите во природа. Годинешното издание беше составено од две рути: „Момата рок трејл“ со должина од 20 километри, наменета за поискусните тркачи што […]

УСПЕШНО ЗАВРШЕН ТРЕТМАН НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА КАЈ ФУДБАЛЕРОТ ДАРКО ВЕЛКОВСКИ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски успешно ја заврши рехабилитацијата во Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Premium Physical Therapy & Sport Center“. Третманот траеше две недели и беше спроведен поради мекоткивна повреда на мускулатурата на задната натколенична ложа, која настанала при спортска активност. „Кај пациентот беа применети разни модалитети на физикални процедури кои се […]

ГРИЖА ЗА МАЈКАТА И ПОВТОРНО ПОВРЗУВАЊЕ СО ТЕЛОТО

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ, КОГА Е БЕЗБЕДНО И ЗОШТО Е ВАЖНА Бременоста е едно од најинтензивните животни патувања на жената – време на радост, исчекување, но и значителни физички, хормонални и емоционални промени. Ангела Јованоска-Конески, фитнес-тренер, истакнува дека во случаи кога бременоста е здрава и без медицински компликации, умерената и приспособена физичка активност […]

Зошто е корисно да имате персонален тренер?

1.  Програма по мерка: Тренерот креира индивидуален план за вежбање прилагоден на твоите цели, физичка подготвеност и потреби. 2.  Правилна техника: Те учи како правилно да ги изведуваш вежбите, со што се намалува ризикот од повреди и се зголемува ефективноста на тренингот. 3.  Мотивација: Присуството на тренер дополнително те мотивира да бидеш редовен и доследен […]

ШТО Е MИОФАСЦИЈАЛНА РЕЛАКСАЦИЈА?

Mиофасцијална релаксација е техника на мануелна терапија која често се користи во масажата. Taa e  фокусирана на болка за која се верува дека потекнува од миофасцијалните ткива – цврсти мембрани што ги обвиткуваат, поврзуваат и поддржуваат вашите мускули во целото тело.   Катерина Илиеска, физиотерапевт, вели дека теоретски, миофасцијалната болка се разликува од другите видови […]

ХИДРОТЕРАПИЈА – ЛЕКУВАЊЕ СО ПОМОШ НА ВОДА

Хидротерапија, или уште се нарекува терапија со вода, претставува метод на лекување при кој се користи поволното дејство на водата (ладна, топла, водена пареа) врз севкупната состојба на организмот. Иако потекнува од античките времиња, поради своето благотворно дејство врз мускулатурата, кардиоваскуларниот систем и целокупната физичка кондиција, хидротерапијата денес има голема улога и во современата медицина. […]