МАНУЕЛНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА ПО ОПЕРАТИВЕН ЗАФАТ

Со редовен третман се намалуваат болката и чувството на затегнатост, што овозможува побрзо враќање на подвижноста, постигнување подобар обем на движење во колено и враќање на секојдневните активности за пократок временски период.  „Мануелната лимфна дренажа по оперативен зафат на колено е важен дел од рехабилитацијата, бидејќи помага во намалување на отокот, подобрување на лимфната и […]

ВЕРТЕБРАЛНА ЕКСТЕНЗИЈА – СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА БОЛКИТЕ ВО ’РБЕТОТ

Болките во вратот и долниот дел од грбот се меѓу најчестите здравствени проблеми на современиот човек. Долготрајното седење, недоволната физичка активност, неправилното држење на телото и дегенеративните промени на ‘рбетниот столб сè почесто предизвикуваат непријатност и ограничување на секојдневните активности. Во физикалната медицина, една од методите што успешно се применува во третманот на овие состојби […]

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ДОМАЌИН НА ТРКАТА „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ – БИЗНИС ТРКА 5K 2026“

Скопје вчера беше домаќин на второто издание на „Кроација осигурување – Бизнис трка 5K“, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија. И оваа година, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше горд домаќин на настанот, при што стартот и финишот на трката беа поставени пред болницата. […]

НОВ ЧЛЕН НА ТИМОТ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Д-р Рената Божинкочева е специјалист по физикална медицина и рехабилитација, со посебен интерес и посветеност кон третман на ортопедски, трауматолошки и спортски состојби. Таа активно ги следи најсовремените методи, процедури и техники во областа на физикалната медицина и рехабилитација, а своето знаење континуирано го надградува преку учество на стручни секции, конгреси и професионални обуки.За повеќе […]

ФИЗИОТЕРАПЕВТОТ БОЈАН ЦАНЕВСКИ, ДЕЛ ОД 8. СИМПОЗИУМ ЗА ТРЕТМАН НА СПОРТСКИ ПОВРЕДИ ВО МИНХЕН

На 11 февруари во Минхен, Германија се одржа 8. Симпозиум за професионален третман на спортисти во организација на компанијата Артрекс. Дел од македонската делегација која зеде учество на овој престижен семинар беше и физиотерапевтот Бојан Цаневски од Клиничката болница „Аџибадем Систина”. Овој семинар претставува значаен настан во областа на спортската медицина и професионалната спортска грижа. […]

9 ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА МОЌТА НА ФИЗИОТЕРАПИЈАТА ВО СПОРТОТ

Физикалната терапија претставува медицинска дисциплина која со помош на вежби, мануелни техники и современи апарати го враќа движењето и ја подобрува функцијата на телото. Таа има клучна улога во лекувањето на спортските повреди, бидејќи бргу ги намалува болката и отокот, го подобрува опсегот на движење и ја зајакнува мускулатурата. Преку индивидуализирана рехабилитација и работа на […]

РАКОМЕТАРОТ НИКОЛА КОСТЕСКИ ПО РЕХАБИЛИТАЦИЈА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕН

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Костески успешно го заврши процесот на рехабилитација по хируршки третираната руптура на Ахиловата тетива. Рехабилитацијата во Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Premium Physical Therapy & Sport Center“ започна шест недели по операцијата и траеше три недели, при што беше постигнато целосно закрепнување,  ослободување од патерици и слободно одење. „Во третманот кај Никола беа применети електростимулации […]

ШТО Е TRX-ТРЕНИНГ?

TRX е модерен вид функционален тренинг кој се изведува со специјални суспензиони ремени и ја користи сопствената тежина на телото како оптоварување. Наместо класични справи и тегови, телото е во висечка положба, при што гравитацијата и промената на аголот создаваат оптоварување. На овој начин, TRX активира повеќе мускулни групи истовремено, го зајакнува јадрото (стомачните и […]

“PREMIUM SPORT CENTER”, ДЕЛ ОД ПЛАНИНСКИОТ СПЕКТАКЛ „MOMATA ROCK TRAILS 2025“

Викендов во Прилеп, на Селечка Планина се одржа 11. издание на планинскиот спектакл „Momata rock trails 2025“. Овој спортски настан претставува вистински предизвик и уживање за сите љубители на планинското трчање и авантурите во природа. Годинешното издание беше составено од две рути: „Момата рок трејл“ со должина од 20 километри, наменета за поискусните тркачи што […]

УСПЕШНО ЗАВРШЕН ТРЕТМАН НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА КАЈ ФУДБАЛЕРОТ ДАРКО ВЕЛКОВСКИ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски успешно ја заврши рехабилитацијата во Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Premium Physical Therapy & Sport Center“. Третманот траеше две недели и беше спроведен поради мекоткивна повреда на мускулатурата на задната натколенична ложа, која настанала при спортска активност. „Кај пациентот беа применети разни модалитети на физикални процедури кои се […]