Со редовен третман се намалуваат болката и чувството на затегнатост, што овозможува побрзо враќање на подвижноста, постигнување подобар обем на движење во колено и враќање на секојдневните активности за пократок временски период.
„Мануелната лимфна дренажа по оперативен зафат на колено е важен дел од рехабилитацијата, бидејќи помага во намалување на отокот, подобрување на лимфната и крвната циркулација и забрзување на заздравувањето на ткивата“, вели д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ.

