ПРОМОТИВЕН 30% ПОПУСТ НА УСЛУГИТЕ ОД ОДДЕЛОТ ЗА ДИЕТОЛОГИЈА

Доколку сакате да ја подобрите вашата исхрана, да го подигнете квалитетот на живот или да добиете стручна поддршка при справување со одредени здравствени состојби, нашиот Оддел за диетологија е тука да ви помогне со персонализиран пристап и стручна грижа.

Во рамките на промотивната понуда добивате 30% попуст на следниве услуги:

Нутриционистичка проценка и телесен скрининг

Првиот и најважен чекор кон подобрување на исхраната и здравјето е прецизна проценка на вашата нутритивна состојба. Со современа дијагностика и телесна анализа, добивате целосен увид во состојбата на телото (масно ткиво, мускулна маса, метаболички параметри и др.), како и препораки за понатамошно дејствување.

Персонализиран диетален план

Секој план за исхрана е резултат на внимателна проценка и е целосно индивидуализиран – насочен кон вашите лични цели како регулирање на телесната тежина, зголемување на мускулната маса, подобрување на енергетското ниво или поддршка при хронични болести.

Диетотерапевтски протокол

За лица со здравствени проблеми, како што се: дијабетес, висок крвен притисок, нарушувања на гастроинтестиналниот тракт, хормонален дисбаланс и слично, се креира диетотерапевтски пристап кој ја поддржува медицинската терапија и придонесува за побрзо и поефикасно подобрување на состојбата.