На 11 февруари во Минхен, Германија се одржа 8. Симпозиум за професионален третман на спортисти во организација на компанијата Артрекс. Дел од македонската делегација која зеде учество на овој престижен семинар беше и физиотерапевтот Бојан Цаневски од Клиничката болница „Аџибадем Систина”. Овој семинар претставува значаен настан во областа на спортската медицина и професионалната спортска грижа. Тој овозможува следење на најновите иновации и технологии кои се применуваат во третманот и превенцијата на спортски повреди.
Меѓу предавачите беа врвни имиња од областа на спортската медицина и рехабилитација, меѓу кои и: Марк Жилет, главен медицински офицер на Премиер лигата, Енда Кинг, раководител на Одделот за развој и рехабилитација во болницата “Аспетар” во Доха, Катар, како и д-р Даниел Броман, шеф на спортската медицина во Сити фудбал груп.
Размената на искуства со врвни специјалисти овозможува подобрување на медицинската грижа за спортистите. Настанот опфаќа современи методи за дијагностика, рехабилитација и оптимизација на спортските перформанси. Овој семинар претставува одлична можност за унапредување на медицинските стандарди и развој на спортската медицина.