Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Костески успешно го заврши процесот на рехабилитација по хируршки третираната руптура на Ахиловата тетива. Рехабилитацијата во Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Premium Physical Therapy & Sport Center“ започна шест недели по операцијата и траеше три недели, при што беше постигнато целосно закрепнување, ослободување од патерици и слободно одење.
„Во третманот кај Никола беа применети електростимулации за зајакнување на мускулатурата, ласеротерапија, мануелна терапија со вежби за истегнување и постигнување полн обем на движење, како и вежби за зајакнување на мускулатурата прилагодени на фазата на рехабилитација. Третманот опфати и постепено прогресивно оптеретување, вежби за баланс и проприоцепција, криопресотерапија, како и хидротерапија – вежби за оптеретување и кондиција на подводна подвижна трака,“ објаснува д-р Аница Хаџи–Петрушева Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација.