РАКОМЕТАРОТ НИКОЛА КОСТЕСКИ ПО РЕХАБИЛИТАЦИЈА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕН

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Костески успешно го заврши процесот на рехабилитација по хируршки третираната руптура на Ахиловата тетива. Рехабилитацијата во Центарот за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Premium Physical Therapy & Sport Center“ започна шест недели по операцијата и траеше три недели, при што беше постигнато целосно закрепнување,  ослободување од патерици и слободно одење.

„Во третманот кај Никола беа применети електростимулации за зајакнување на мускулатурата, ласеротерапија, мануелна терапија со вежби за истегнување и постигнување полн обем на движење, како и вежби за зајакнување на мускулатурата прилагодени на фазата на рехабилитација. Третманот опфати и постепено прогресивно оптеретување, вежби за баланс и проприоцепција, криопресотерапија, како и хидротерапија – вежби за оптеретување и кондиција на подводна подвижна трака,“ објаснува д-р Аница Хаџи–Петрушева Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација.