Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, активно се подготвува во “Premium”

Најдобриот македонски тенисер, 19-годишниот Калин Ивановски, активно се подготвува за новите тениски предизвици и натпревари во “Premium”. Вели дека по напорните тренинзи за новата сезона, кои ги имаше со Новак Ѓоковиќ кон крајот на 2023 година, почувствувал болка и потреба од рехабилитација. За таа цел го избрал Одделот за физикална медицина и рехабилитација во „Аџибадем Систина“ и по само неколку третмани, веќе се чувствува подобро и со нетрпение чека да се врати на тениските терени.

„Презадоволен сум што тимот од Одделот за физикална медицина и рехабилитација нуди можност за превенција и третман на сите спортски повреди, па веќе по само неколку третмани се чувствувам подобро” – објаснува Калин.