Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски успешно закрепнува на Одделот за физикална медицина и рехабилитација

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски по повредата во натпреварот со Грузија успешно закрепнува на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во „Аџибадем Систина“.

„Спортските повреди кај нас фудбалерите се честа појава, но многу е битно зад себе да имаш сигурен тим кој ќе направи сè за побрза рехабилитација. Среќен сум што го имам физиотерапевтот Бојан Цаневски и вашата болница. Третманите се одвиваат беспрекорно и поблиску сме до целта за што поскоро да се вратам на теренот.“

Во моментов фудбалерот Трајковски игра на позицијата лево крило во саудиски „Ал-Фајх“.