Познатиот ракометар Филип Миркуловски во посета на Premium – центар за здрав живот

Ракометарот Филип Миркуловски денеска беше во посета на најсовремениот и модерно опремен Премиум центар за здрав живот и физикална терапија. Се запозна со капацитетите и можностите што ги нуди центарот, а имаше прилика да го запознае и целиот тим на одделот.

„Одлично место за рехабилитација и релаксација, сум посетил многу вакви центри до сега, но ова дефинитивно е нешто најдобро што сум видел. Врвно опремена сала, искусен тим на доктори, тренери и физиотерапевти – едноставно на едно место комплетна интегрирана грижа за здрав живот“ – изјави Миркуловски.

Познатиот ракометар, кој во моментов е активен и како тренер во клубот „Ветзлар“ во Германија, објаснува дека несебично и со голема радост го споделува своето искуство на помладите. Заложбите за здрав живот и физичка активност треба да се всадат кај децата уште од најмала возраст.

Како здравствена институција која е лидер во превенција и третман на спортските повреди, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја дава максималната медицинска поддршка на македонските спортски клубови и репрезентации.