ВТОР НАТПРЕВАР НА ЕВРОПСКО ПАНДЕВ И ЕЛМАС ЗА ФИЗИОТЕРАПЕВТИТЕ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: ТИЕ СЕ НАЈВАЖНА АЛКА

Неколку часа пред вториот натпревар на Македонската репрезентација на Европското првенство, македонските фудбалери интензивно се подготвуваат. Ова е клучен натпревар за нашите кои вечерва ќе ги одмерат силите со Украинците, натпревар кој треба да го исцрта понатамошниот пат на нашата земја на овој голем европски фудбалски настан на кој настапуваме прв пат. Подготовките се интензивни, очекувања уште поголеми, а клучна улога имаат и физиотерапевтите на „Аџибадем Систина“, Бојан Цаневски и Бојан Силјаноски кои се грижат за физичкото здравје и кондицијата на фудбалерите пред натпреварот. Македонските голгетери Горан Пандев и Елиф Еламс не го криеја задоволството што токму нашите физиотерапевти се со нив во Букурешт. Велат дека за нив тие се клучна алка на тимот, луѓе кои прават максимални напори да ги подготват за натпреварот.

„Станува збор за одлични физиотерапевти и затоа се дел од македонската репрезентација. Нивната подготвеност  е највиско ниво, а и даваат се од себе. Момците се навистина  топ. Станува збор за прекрасни луѓе и се голема помош за сите нас. Тие се главна алка во нашиот тим. И ние ќе дадеме се од себе, а без нив добрата форма не е можна. Впрочем тие се дел од нас, без нив не можеш да излезеш на терен, од загревање, подготовки пред натпревар… Не можеме да замислиме натпревар без нив, вели Горан Пандев.

Секој натпревар бара голема подготовка, физичка спрменост за да се даде максимумот на теренот. Физиотерапевтите Бојан Цаневски и Бојан Силјаноски се гружат секој играч да биде во одлична форм аи без проблем да одигра 90 минути на терен. Кога е потребно веднаш се мобилизираат и приоѓаат на помош. За нивната професионалност сведочи и Елиф Елмас.

„Искрено тие се како наши браќа заедно сме веќе неколку години, задоволни сме премногу. Тие се целосно посветени на нас 24/7. Не е лесно да се биде со нас како тим, но за нив пресудно е нивното искуство. Не е лесно во еден ден да го вратиш играчот повторно да биде во форма. Даваат се од себе. Можам да кажам дека се е на нивото како медицинскиот тим во европските прволигашки тимови. Тие имаат големо влијание, вели Елмас.

Македонската фудбалска репрезентација испишува историја, а фудбалерите веќе нè направија горди. Кон нив денеска е притисокот да ја комплетираат приказната. Пред заминувањето во Букурешт на стрелците Горан Пандев и Елиф Елмас и на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ им даде Platinum member card од центарот, картичка со која имаат посебни бенефиции во болницата.